Искрените лични контакти, заедничките интереси и добрите трговски практики претставуваат основа на нашите односи со сите постоечки и идни клиенти!

Лесен пристап
Се грижиме промената да биде брза и едноставна
Професионализам
Обучен тим од стручни лица
Анализа
Детална анализа на вашиот профил и оптимизација на работата
Трговска мрежа
Високо развиена трговска мрежа

За нашата компанија

ЕНЕРЏИ АКТИВЕ ДООЕЛ Скопје е една од водечките компании на територијата на Република Македонија која се занимава со трговија и снабдување со електрична енергија (ЕЕ) на пазарот на квалификувани потрошувачи.
Наша основната дејност и потесна специјализација е снабдување на квалификуваните потрошувачи со електрична енергија и управување со балансни групи.
Со отпочнувањето на либерализацијата на пазарот на електрична енергија во Република Македонија (01.04.2014г.), Енерџи Активе ДООЕЛ Скопје формираше своја балансна група составена од повеќе македонски реномирани приватни компании и јавни претпријатија. Очекувањата на секој наш партнер и клиент се важни за нас. Отворените чесни односи, заедничкиот интерес и добрите комерцијални практики се основата на нашата работа со сите наши сегашни и потенцијални клиенти.
Нашата главна цел е да го збогатиме квалитетот на  понудата на електрична енергија на македонскиот пазар на квалификуваните потрошувачи опфатени со престојната либерализација како и останатите трговски, производни и дистрибутивни компании, при што ќе понудиме подобра, одговорна и пред се професионална услуга.
Нашата мисија и визија е да изградиме сигурна, успешна и општествено одговорна компанија  која ќе им биде партнер од доверба на потрошувачите на електрична енергија, ќе нуди конкурентски услови и квалитетна и сигурна услуга.

Цените снабдувачот ги дефинира на база на моменталните цени на пазарот и трошоците околу преносот и капацитетите за електрична енергија како и трошокот за балансирање

Energy Active– Скопје е компанија која што одгововорно стои зад своите корисниции и ги заштитува правата на корисниците. За секоја недоследност која ја имаат забележано нашите кориснисници доволно е да ја испратат писмено преку средствата за комуникации и веднаш ќе биде започната постапка за реализација на истата.

На следниов линк може да ја превземете изјавата за промена на снабдувач линк…

На следниов линк може да го превземете полномошното од потрошувач на снабдувач линк…

На следниов линк може да ги превземете општите услови за снабдување со електрична енергија линк…

На следниов линк може да превземете 1-Модел на договор за снабдување со електрична енергија линк…

На следниов линк може да превземете 2-Модел на договор за снабдување со електрична енергија линк…

На следниов линк може да превземете 3-Модел на договор за снабдување со електрична енергија линк…

На следниов линк може да го превземете потсетникот за потрошувачи линк…

Наши Клиенти

“The art of business consulting.”

“The most trusted partner.”

“Always one step ahead.”

“Perfection in everything.”

Не постои тајна за успехот. Резултатите говорат за нашата подготвеност и напорна работа.

Еден чекор до договор

Доколку согласно правилата за снабдување со електрична енергија Вашата компанија ги исполнува условите да се снабдува со електрична енергија од снабдувач по сопствен избор, Енерџи Активе Ви нуди најповолни услови и цени за снабдување со електрична енергија. Се што треба да направите  е само да ни доставите барање за понуда на е-адреса skopje@energyactive.mk или на нашата веб страна да оставите ваш контакт и некој од нашиот тим во најскоро време ќе ве контактира. За да добиете анализа на Вашата потрошувачка и заштедата која би ја оствариле доколку сте наш клиент, потребно е да ни доставите сметки од потрошувачката на електрична енергија која сте ја имале во текот на изминатите месеци. Секако, колку повеќе сметки ни бидат доставени, толку поголема ќе биде и точноста на нашата анализа. По ова, компаративната анализа која ќе ви ја изработиме и во која ќе Ви ја прикажеме реалната заштеда на месечно, односно годишно ниво ќе Ви биде испратена по електронски пат. Следствено, ќе се потрудиме да Ви подготвиме и најповолна понуда за снабдување со електрична енергија, со чијшто избор станувате дел од нашата балансна група.

Оставете го вашиот контакт нашиот тим на комерцијалисти ќе Ве контактира